Фудбал
Манчестер Јунајтед најде ново засилување?
Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за напаѓачот на Наполи, Ирвинг Лозано.
Овој мексикански фудбалер во Наполи дојде за скоро 40 милиони евра од ПСВ, но во меѓувреме не се вклопи најдобро и се повеќе се шпекулира за заминување по само една сезона.
До пред неколку недели, Евертон важеше за фаворит за неговиот потпис, особено затоа што таму е Карло Анчелоти кој мексиканецот го донесе во Наполи, но „Кориере дело Спорт“ открива дека и други клубови се заинтересирани.
Лозано се поврзува со Арсенал, Тотенхем, Атлетико Мадрид и наводно сега во игра се и Манчестер Јунајтед, чии лидери многу прашуваат за можноста да го купат.
„На „црвените ѓаволи“ им треба засилување во офанзивата, а Солскјаер верува дека Лозано би му помогнал на него во наредната сезона“, пишуваат странските медиуми.
На 16 одиграни натпревари оваа сезона, Лозано постигна само два гола за Наполи.