Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед нуди 75 милиони фунти за „воинот“ на Диего Симеоне

Манчестер Јунајтед подготвува мало богатство како понуда за Атлетико Мадрид за нивниот играч Саул Нигес.

Според англиските медиуми „Црвените ѓаволи“ за 25-годишниот „воин“ на Диего Симеоне, се подготвени да платат 75 милиони фунти, а неговата неделна плата би била 150 илјади фунти неделно.

Останува да се види дали Атлетико Мадрид ќе одолее на оваа понуда за фудбалерот кој има договор дури до 2026-та година.