Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед, подготвен да му конкурира на Челзи за Санчо

Англискиот талент блеска во дресот на Борусија Дортмунд и би можел ова лето да се врати во Премиер Лигата

Манчестер Јунајтед е подготвен да испрати понуда за талентираниот фудбалер Џејдон Санчо.

Веста ја објави британскиот таблоид, „Дејли Меил“.

„Црвените ѓаволи“ имаат намера да му конкурираат на Челзи за ѕвездата на Борусија Дортмунд, која блеска во Бундес-лигата.

„Сините“ наводно се подготвени да платат од 115 до 120 милиони евра за 19-годишниот.

Сепак, англискиот клуб од „Олд Трафорд“ сега влезе во трката за потписот на одличниот фудбалер .

Санчо запиша 12 голови и 12 асистенции за Дортмунд во Бундеслигата досега во оваа сезона.

Тој претходно играше настапуваше во Премиер лигата за Манчестер Сити.

Сепак, во текот на летото, офанзивниот играч се очекува да ја напушти Германија и да се врати во Премиер лигата.