Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед подготви 120 милиони евра за еден од најголемите трансфери на сите времиња!

Манчестер Јунајтед на лето повторно ќе потроши многу пари на засилувања.

Познато е дека „црвените ѓаволи“ трошат многу пари за доведување скапи засилувања кои често не го достигнуваат целиот свој потенцијал, а англиски „The Sun“ пишува дека најголемиот трансфер во историјата на овој клуб би можеле да го видиме на лето.

Имено, на радарот на Манчестер Јунајтед е скапоцен камен на Вест Хем Јунајтед и англиската репрезентација Деклан Рајс.

Овој 22-годишен дефанзивен играч за врска кој може да игра и како стопер, ако треба, игра навистина фантастично и оваа сезона веќе собра 24 настапи за својот тим во сите натпреварувања, а постигна три гола со четири асистенции.

Изворот наведува дека Манчестер Јунајтед за неговите услуги ќе понуди дури 120 милиони евра, што би бил најголемиот трансфер во историјата на Манчестер Јунајтед, а вкупно шести во фудбалот.

„The Sun“ пренесува и дека се може да биде комплицирано доколку „црвените ѓаволи“ не се изборат за Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи играчот сака да игра на највисоко ниво.

Во моментов Вест Хем е петти со 34 бодови во Англија, со само еден бод помалку од 4. место кое води во Лигата на шампионите и каде е Арсенал, додека Јунајтед е седми со 31 бод и натпревар помалку од Чеканите.

Договорот на Рајс со Вест Хем е обврзувачки до летото 2024 година, па лондонскиот клуб сигурно нема да брза да го продаде и очекува да заработи големи пари за него.

Иако има само 22 години, Рајс веќе забележа 27 настапи за репрезентацијата на Англија и постигна два гола.

Интересно, во помладите категории настапуваше за репрезентацијата на Република Ирска, а одигра и три пријателски натпревари за А селекцијата на оваа земја во 2018 година.