Connect with us

Фудбал

Манчестер јунајтед покажува интерес за Перишиќ

Манчестер, 14 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска на Интер, Иван Перишиќ е во сферата на интересите на Манчестер јунајтед. Според „Телеграф“ клубот од Милано е подготвен да ја разгледа опцијата за трансфер на 31-годишниот хрватски репрезентативец.

Перишиќ минатата сезона ја помина во Баерн на позајмица. Германскиот шампион му плати на Интер пет милиони евра и можеше да го откупи играчот за 20 милиони. Баварците се обидоа да ја намалат висината на трансферот, но клубовите не успеаја да се договорат.

Во текот на изминатата сезона, Перишиќ одигра 35 натпревари за Баерн Минхен, постигна осум погодоци со десет асистенции. Со тимот ги освои Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com