Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед веќе започна преговори со новиот менаџер

Манчестер Јунајтед наводно веќе започнал преговори со новиот менаџер кој треба да го замени  Оле Гунар Солскјаер.

Човекот кој челниците на тимот од „Олд Трафорд“ на чело со Едон Вудвард, сакаат да го види на клупата е Маурисио Почетино, неодамнешниот менаџер на лондонскиот Тотенхем.

Угледниот италијански новинар Алфредо Педула објави дека преговорите меѓу раководството на Јунајтед и Почетино се веќе започнати и големиот аргентински експерт е заинтересиран за преземање на Јунајтед.

Овој 47-годишен менаџер веќе подолго време се поврзуваше со „црвените ѓаволи“. Тој беше меѓу кандидатите за тренер кога Жозе Мурињо беше отпуштен, но во тоа време остана лојален на Тотенхем.

Сепак, нешто повеќе од една година, работите се променија. Почетино е слободен тренер, а во Јунајтед не се премногу задоволни од работата на Оле Гунар Солскјаер на „Театарот на соништа“.

Тие ќе дадат се од себе за да го донесат аргентинскиот стручњак на клупата и нема да биде ни чудо доколку Почетино е на клупата на Јунајтед од следната сезона.

Одличниот менаџер ги водеше „Спарси“ изминативе пет години, откако претходно работеше со екипите на Саутемптон и Еспањол.