Фудбал
Манчестер Сити го одложува трансферот на Кукуреја
Манчестер Сити има намера да го одложи трансферот на левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреја до следното лето. Како главна причина за овој потег е сумата од 50 милиони фунти што „галебите“ ја бараат за продажба на шпанскиот фудбалер.
„Граѓаните“ пред неколку дена дадоа понуда за Кукуреја вредна 30 милиони евра, но таа беше одбиена од Брајтон.
Доколку „галебите“ не ја намалат бараната сума, поради барањето за трансфер на левиот бек, Манчестер Сити ќе се фокусира на други играчи на оваа позиција.
Меѓу алтернативите што ги имаат „Граѓаните“ се бекот на Бенфика, Алехандро Грималдо и бекот на Штутгарт, Борна Соса, кој ќе биде замена за Александар Зинченко, кој летово дојде во Арсенал.