Поврзи се со нас

Фудбал

Манчестер Сити го победи Барнли и се пласираше во четврт-финалето на Лига купот

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва го победија Барнли на гости со 3:0 во натпреварот од осминафиналето на Лига купот.

Избраниците на Пеп Гвардиола успеаја да се пласираат во четвртфиналето бидејќи вечерва успеаја да слават на „Турф Мур“ без никаков проблем.

Сити поведе во 35-та минута по одличната акција. Менди брилијантно асистираше, а Рахим Стерлинг ја затресе мрежата на домаќините.

Истиот играч беше во центарот на вниманието во 49-та минута. Овој пат му помагаше Торес, а Стерлинг без проблем ја удвои предноста на својот тим.

Манчестер Сити ја заврши работата на овој натпревар во 65-та минута. Стерлинг овојпат беше асистент, а конечните 0:3 ги постави Торес.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама