Фудбал
Манчестер Сити и Стерлинг, разговараат за нов договор
Англискиот шампион даде пристојна понуда во новиот договор за својата ѕвезда. Граѓаните сакаат да го задржат Стерлинг, за кој покажаа интерес Реал Мадрид и Барселона
Манчестер Сити ги започна разговорите со Рахем Стерлинг за новиот договор, пренесува британскиот весник Дејли Меил.
Англичанецот го потпиша својот последен договор со „Граѓаните“ пред 12 месеци и наводно има плата околу 350 000 евра неделно.
Сепак, неговите настапи ги достигнаа највисоките нивоа оваа сезона и Сити планира да го награди со нов договор.
Манчестер Сити исто така има намера да го обезбеди Англичанецот на стадионот „Етихад“, со оглед на интересот од клубовите како Реал Мадрид и Барселона.
Стерлинг е еден од најдобрите играчи во Премиерлигата денес.