Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити издоминира, но Хрватот Гвардиол им ја “украде” победата (ВИДЕО)

Манчестер Сити не успеа да победи на госрувањето кај Лајпциг и покрај доминацијата. Беа подобар противник, поведоа со 1:0 со голот на Марез во 27-ма минута, па се чинеше дека тимот на Пеп Гвардиола ќе стигнат без поголеми проблеми до победата.

Но, во 70-та минута Јошко Гвардиол погоди за 1:1 кој беше највисок во казнениот простор на гостите, по нафрлената топка по комбинацијата од корнер знаменцето.

Вреди да се напомене дека на овој меч Пеп Гвардиола, иако има право на пет, не искористи ниту една измена. Мечот го заврши со истите 11 фудбалери со кои го почна.