Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити ќе биде исфрлен од ЛШ

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) може да го исклучи Манчестер Сити од Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, објави „Гардијан“. Според британскиот весник, оваа можност ја разгледува УЕФА по информациите што се раширија од страна на „Фудбал Ликс“.

„Граѓаните“ се обвинети за преувеличување на износот на договорите за спонзорство со цел да прикажат зголемени приходи и со тоа да можат да трошат повеќе пари за купување нови играчи. Според изворот, сопственикот на Манчестер Сити презел на себе дел од трошоците на клубот. Тој, исто така, тајно финансирал без официјално прикажување на средствата вложени во клубот и со тоа бил прекршен финансискиот ферплеј.