Фудбал
Манчестер Сити понуди 80 милиони евра за sвездата на Интер
Манчестер Сити подготвува понуда за купување на sвездата на Интер, Милан Шкриниар во текот на летото, според извештаите на медиумите во Англија.
Лидерите на Сити заедно со Пеп Гвардиола имаат за цел да бидат засилени со словачкиот дефанзивец во текот на летото.
Гвардиола беше принуден да игра дефанзивно со играчот од средниот ред Фернандињо, откако Емерик Лапорт претрпе повреда.
Дејли експрес пренесува дека поранешниот тренер на Барселона го има дефанзивецот на Интер на врвот на списокот со желби за зајакнување на одбраната во текот на летото.
Според англискиот весник, Сити подготвува понуда од 80 милиони евра за Шкриниар.
Поранешниот дефанзивец на Сампдорија игра со Интер веќе три години и стана камен-темелник на одбраната на Антонио Контес.
Шкриниар има долга кариера пред него, бидејки тој има 25 години.