Фудбал
Манчестер Сити попрво ќе го пушти Сане да замине без надомест отколку за 40 милиони евра
Во Баерн се уште се убедени дека Лерој Сане ќе дојде, но на „Етихад“ упорно одбиваат да го продадат.
Сане веќе подолго време се поврзува со Баерн, а германските медиуми тврдат дека договорот е постинат, иако демант пристигна од Манчестер пред три дена.
Сепак, Сане влегува во последната година од неговиот договор и тој може да замине бесплатно следното лето, а наводно германскиот крилен играч веќе одлучил дека неговиот нов клуб ќе биде Баерн.
И покрај сето ова, Сити не се предава и не се подготвени да го пуштат да оди за скромни 40 милиони евра ова лето, па тие попрво ќе му дозволат на играчот да замине без надомест, но само следното лето, кога му истекува договорот.
Она што планира да го направи Сити, обично го избегнуваат клубовите, но на „Етихад“ тие очигледно имаат толку многу пари што можат да си дозволат вакви работи. Германецот пристигна во Сити во летото 2016 година за скоро 50 милиони фунти од Шалке и потоа потпиша петгодишен договор, кој истекува на крајот на јули 2021 година.