Поврзи се со нас

Фудбал

Манчестер сити потроши над милијарда евра на составот

Лондон, 13 октомври 2020 (МИА) – Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС) претстави рангирање на клубови од најдобрите 5 лиги во Европа, кои потрошија најмногу на формирање на сегашниот состав.

На чело на списокот е англискиот Манчестер сити. Граѓаните беа единствениот клуб кој потроши над милијарда евра.

Во трите најдарежливи екипи беа и францускиот ПСЖ и англискиот Манчестер јунајтед.

Екипи од ТОП 5 европски лиги со најмногу потрошени средства за актуелниот состав:

1. Манчестер Сити (Англија) – 1,036 милијарди евра

2. ПСЖ (Франција) – 888 милиони

3. Манчестер јунајтед (Англија) – 844

4. Барселона (Шпанија) – 826

5. Челзи (Англија) – 763

6. Реал (Шпанија) – 708

7. Ливерпул (Англија) – 666

8. Јувентус (Италија) – 594

9. Арсенал (Англија) – 590

10. Евертон (Англија) – 504

11. Атлетико (Шпанија) – 483

12. Тотенхем (Англија) – 479

13. Наполи (Италија) – 467

14. Интер (Италија) – 439

15. Баерн (Германија) – 408. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама