Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити влегува во „војна“ со УЕФА, милиони евра ќе потрошат на адвокати

Според голем број на медиуми во Англија, богатите шеици, сопственици на Манчестер Сити се подготвени да потрошат милиони евра на адвокати и години судски процеси против УЕФА за исфрлањето од Лигата на шампионите и двегодишната суспензија. Медиумите открија дека шеикот Мансур рекол дека ќе потроши ако треба 30 милиони евра и десет години во судски процеси, само да излезе како победник против УЕФА.

Манчестер Сити пред неколку дена беше казнет од УЕФА и исфрлен на две години од Лигата на шампионите. Граѓаните“ ги прекршиле правилата за Финансиски фер плеј во периодот од 2012 до 2016 година, односно ги „пумпале“ спонзорските договори за да имаат пари за трансфери и плати, а во исто време да испаднат чисти пред УЕФА.