Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити забави, но го растури Брајтон и го врати првото место

Манчестер Сити го врати првото место во Премиер лигата, од кое шампионот се измести за 24 часа по вчерашната победа на Ливерпул над Манчестер Јунајтед.

„Граѓаните“ на „Етихад“ го победија Брајтон со 3:0 и повторно се пред Мерсисајдерите.

Тимот на Хосеп Гвардиола тешко го наоѓаше патот до голот на добро организираниот противник пред паузата, но во вториот дел Ријад Марез (53′), Фил Фуден (65′) и Бернардо Силва (82′) постигнаа три голови, кои ја донесоа заслужената победа на домаќините.