Connect with us

Фудбал

Манчини е принуден на сериозни ротации во Италија

Селекторот на европскиот шампион Италија, Роберто Манчини беше принуден да повика тројца нови играчи во проширениот состав за натпреварите со Англија и Унгарија во Лигата на нации, објави АНСА.

Откако Марко Верати го напушти таборот на Аѕурите веќе во понеделникот, истото го направија и Лоренцо Пелегрини и Матео Политано еден ден подоцна.

Во оваа ситуација Манчини ги повика Салваторе Еспосито од СПАЛ, кој беше во тимот до 21 година, како и Давиде Фратеси од Сасуоло и Маноло Габијадини од Сампдорија.