Фудбал
Манчини: Еве што треба да направи Кин за да дојде на Евро 2020
Роберто Манчини го советува Моис Кин да најде клуб што ќе му овозможи секогаш да биде на теренот, доколку сака да биде дел од составот што ќе игра на Евро 2020.
Кин е надвор од Италија од септември и има играно само четири пати за Евертон откако се пресели од Јувентус во текот на летото.
„Се надевам дека ќе најде клуб што ќе му овозможи секогаш да игра, ако е така, тогаш тој ќе биде еден од играчите кои ќе дојдат на Евро 2020, но зависи од тоа што ќе направи од сега до мај“.