Фудбал
Манчини ги именуваше своите омилени тренери и играчи
Селекторот на италијанаката репрезентација, Роберто Манчини ги одреди своите омилени играчи и тренери од неговата кариера како играч.
На трето место меѓу тренерите му припадна на Тарцисио Бурник, кој му овозможи да дебитира во Серија „А“ со Болоња.
„Тој имаше храброст да ме пушти на 16 години“, изјави Манчини за Раи Уно.
Втор според него е Вујадин Бошков.
„Тоа беше одлично искуство и ме направи шампион со Сампдорија“, посочи Италијанецот.
На првата позиција, можеби малку изненадувачки, е Свен-Горан Ериксон.
„Тој беше како брат за мене. Сите тие се различни тренери и научив многу од нив“, изјави слекторот на „азурите“.
Во однос на играчите тој ги рангираше вака:
„Трет е Роналдо, кој беше феномен, јас играв со него. На второ место е Џанлука Вијали, мојот брат. Секако, Диего Армандо Марадона мора да дојде на прво место“.