Фудбал
Манчини: Играме против селекцијата која што славеше над Германија
Тренерот на Италија, Роберто Манчини во пресрет на утрешниот нтпревар истакна дека македонската репрезентација е квалитетна и добро организирана.
„Македонија знае добро да се брани, но мислам дека нема да биде натпревар што брзо ќе се затвори. Мора да останеме смирени и да ја одиграме нашата улога. Играме против селекцијата која што славеше над Германија. Сигурно ќе ни треба трпение, бидејќи противникот е квалитетен и добро организиран. Италија знае да игра добар фудбал, и моментално размислуваме само на тоа. Секој натпревар започнува од 0-0 и за деведесет минути може сè да се случи“, истакна Манчини.
Натпреварот помеќу Италија и Македонија се игра утре со почеток во 20:45 часот. Во случај на победа нашата репрезентација за противник ќе го има победникот од дуелот помеѓу Португалија и Труција.