Фудбал
Манчини: Игравме многу добро, победата ја посветуваме на…
Роберто Манчини зборуваше по победата на Италија над Грција која му овозможи и билет за „Аузурите“ за Европското првенство 2020.
„Фудбалерите играа многу добро. На прво место, сакам да им се заблагодарам на навивачите на „Олимпико“ кои дојдоа да не поддржат, иако во првиот дел бевме нешто напнати, можеби поради емоции“.
„Сакаме да им ја посветиме победата на децата во болниците. Грција застана и започнавме со долги топки, нешто што не треба да го правиме“.
„Бевме посмирени во второто полувреме, го задржавме фокусот и ја постигнавме целта“, кажа Манчини по натпреварот.