Connect with us

Фудбал

Манчини: Ќе го вратам Балотели во репрезентацијата

Роберто Манчини беше официјално претставен денес како нов тренер на Италија, откако пред неколку дена реши да го напушти рускиот Зенит.

Манчини веќе долго време е поврзан со Италија, но тој дојде во прв план кога Карло Анчелоти ја одби оваа понуда. Поранешниот тренер на Интер и Манчестер Сити експресно доби спогодбена разделба од соработката со Зенит, а само еден ден подоцна беше потврдено дека тој ќе биде нов селектор на Италија.

На прес-конференцијата што се одржа денеска, Манчини откри какви планови има и дека неговата главна цел е да ја врати Италија на највисокото место. Тој потврди дека ќе го врати Марио Балотели во репрезентацијата на претстојните натпревари.

“Сигурно многу наскоро ќе зборувам со Балотели, најверојатно и најверојатно ќе го вратам во репрезентацијата ако тој сака. Италија има многу квалитетни играчи и тоа е нашата предност што мораме да ја искористиме. Верувам дека Марио може да направи многу за нашиот тим и се надевам дека ќе заблеска како на Европското првенство во 2012 година “, рече Манчини.