Фудбал
Манчини: Одлучивме кои играчи ќе одат на Евро 2020
Роберто Манчини потврди дека веќе е составен списокот на играчи кои ќе бидат поканети да ја претставуваат Италија на Европските првенства во 2020 година и верува дека неговиот тим ќе остави белег на летниот турнир.
Италија ќе се соочи со Турција, Швајцарија и Велс во групната фаза во јуни и сите овие натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион во Рим.
„Веќе се решивме за поголемиот дел од тимот“, изјави Манчини за „Скај Спорт Италија“.
„Разочарувачки е што Николо Заниоло е повреден затоа што тој може да игра на различни позиции, но мислам дека имаме добр избор во средниот ред и во напад“, додаде Манчини.
„Ние сме силни, но овие натпревари против големите тимови можат да ни кажат каде сме. Знаеме дека имаме добар тим и верувам дека ќе постигнеме добри резултати“, рече Манчини.