Connect with us

Фудбал

Манчини: Понекогаш неверојатни работи се случуваат, ова беше моето најголемо разочарување

Македонија ја совлада Италија со 0:1 со голот на Александар Трајковски и се избори за финалето од баражот за Светското првенство во Катар. Последната пречка на патот до Мундијалот е Португалија.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини во изјава за медиумите кажа дека ова е неговото најголемо разочарување и дека во фудбалот се случуваат неверојатни работи.

„Како што Европското првенство беше најпрекрасното искуство во мојот живот, ова беше моето најголемо разочарување. Не можеме да кажеме ништо, таков е фудбалот.  Понекогаш неверојатни работи се случуваат, а тоа се случи вечерва“.

„Не ни требаше да бидеме овде, но откако дојдовме сторивме се што е во наша моќ да победиме, па сега е многу тешко да зборувам за тоа“, -изјави разочараниот Манчини.