Фудбал
Манчини: Во четвртфиналето ќе ни биде полесно
Репрезентацијата на Италија е вториот патник во четвртфиналето на 16. Европско фудбалско првенство. Италијанците ја продолжија серијата без пораз на 31 натпревар. Ова е нов рекорд на „Аѕурите“.
„Заслужено победивме. Примивме гол кој можеше да се избегне, но исто така беше јасно дека нема вечно да ја чуваме мрежата. Требаше да ги решиме дилемите уште во регуларното време. Направивме многу шанси, во еден момент се почувствува и замор, но момците издржаа“, изјави Манчини по 31. меч по ред без пораз.
„Фудбалерите кои влегоа од клупата добро се снајдоа, го држеа ритамот. Знаев дека мечот ќе биде тежок, можеби потежок од четвртфиналето. Таквите натпревари понекогаш завршуваат лошо, но ние бевме во вистинска насока и ја исполнивме целта. Мислам дека натаму ќе ни биде полесно. Покажавме карактер што е многу важно. Ни остануваат уште три меча пред евентуалното повторно враќање на Вембли. Белгија и Португалија се одлични тимови и тешко ми е да кажам со кого би можеле да се сретнеме во следната рунда“, објасни италијанскиот селектор.