Марио Манџукиќ напиша проштално писмо до Јувентус и навивачите. Хрватот е официјално нов играч на Ал Духаил и го искористи Инстаграм за да го поздрави својот поранешен тим.
„Невозможно е да се опишат овие две и пол години со проштално писмо, но се надевам дека сте ја виделе страста што сум ја имал за овој клуб на секој натпревар што сум го играл. Им благодарам на Марота и Алегри што ме сакаа во Јувентус.
Беше привилегија да играм за овој тим и последните два месеци нема да ми ја сменат почитта и љубовта кон овие бои. Ви благодарам соиграчи, уживав во секоја битка со вас.
Нема да ги заборавам победите и трофеите, резултатите, квалитетот, работата и духот на тимот. Им благодарам на персоналот, тренерите, медицинскиот персонал, физиотерапевтите и сите други кои се погрижија да бидеме во најдобра форма да играме фудбал.
Најголема благодарност им изразувам на прекрасните навивачи кои се вистинската причина зошто клубот е толку голем и успешен. Отсекогаш сум се обидел да дадам се од себе за Јувентус. Ви посакувам се најдобро, сега е време за ново поглавје“.