Фудбал
Манџукиќ сака враќање во Баерн
Се очекува Марио Манџукиќ да го напушти Јувентус во јануари. Манчестер јунајтед покажа интерес за хрватскиот напаѓач, но се чини дека тој претпочита враќање во Баерн Минхен
Марио Манџукиќ е поставен да го напушти Јувентус за време на јануарскиот преоден рок.
Хрватскиот напаѓач не наоѓа доволно простор во тимот од Торино и ги предупреди за заминување.
Според италијанскиот портал „Калчомеркато“, хрватскиот репрезентативец треба да се врати во Баерн Минхен.
Интерес за напаѓачот покажа Манчестер Јунајтед, кој го сака во втората половина од сезоната.
Но, се чини дека Манџукиќ претпочита уште едно германско искуство од Баерн.
Манџукиќ делумно заврши во Јуве бидејќи тренерот Маурицио Сари, повеќе го ирга напаѓачот Гонзало Игуаин.