Connect with us

Фудбал

Манџукиќ се збогуваше од репрезентацијата, а Далиќ од него

Хрватскиот селектор Златко Далиќ се збогуваше од напаѓачот Марио Маџукиќ.

Популарниот „Манџо“ денеска соопшти дека неговата репрезентативна кариера заврши после Мундијалот во Русија, а Далиќ потоа одма се огласи, па порача дека му е жал што Манџо заминува.

„Кога Манџо ме повика и ми објасни за својата одлука, секако дека ми беше жал затоа што нема да продолжи да игра за репрезентацијата, но ја разбирам и ја почитувам неговата одлука. Се збогуваше во голем стил, со три гола во нокаут фазата од Светското првенство и со сребрен медал како врв на кариерата“, рече селекторот Далиќ и додаде:

„Му Благодарам на Манџо за све што направи за репрезентацијата, зад него е навистина успешна кариера. Имавме врвна соработка овие десет месеци откако сум селектор и му благодарам за тоа. Тој е одличен професионалец и играч, и не мораме посебно да зборуваме колкаво учество имаше во нашиот успех во Русија. Не се сомневам дека заедно со Чорлука ќе остане „најватрен“ навивач на Хрватска, а му посакувам секое добро, многу успех и здравје во остатокот од клупската кариера“.