Connect with us

Фудбал

Манџукиќ во Јунајтед? Зборовите на Сари не оставаат простор за сомнеж!

Маурицио Сари денеска на прес конференцијата зборуваше за утрешниот натпревар на Јувентус против Болоња.

Тренерот беше запрашан за многу теми, вклучувајќи го и прашање за Марио Манџукиќ, кој со доаѓањето на Сари целосно исчезна. Неодамнешните гласини што го поврзуваа со трансфер во Манчестер Јунајтед значително се зголемија.

Тренерот на Јувентус зборуваше кратко за ова прашање, со свои зборови за кои не треба многу коментар.

„Марио Манџукиќ повеќе не тренира со нас.“

Значи, потегот во Манчестер е едноставно прашање на време, во јануари веројатно Хрватот ќе се најде во Премиер лигата.