Фудбал
Мане: Би го сменил трофејот од Лигата на шампионите само за една работа
Фудбалерот на Ливерпул Саидо Мане се наоѓа со репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нации.
Сенегал во првиот натпревар на ова натпреварување со головите на Кеита Балде и Крепин Диате ја совлада Танзанија со 2:0, а фудбалерот на Ливерпул не настапи на овој натпревар.
Мане уште во квалификациите за Африканскиот куп на нации доби два жолти картони, но пред само седум денови пред натпреварот дозна дека е суспендиран.
Мане имаше одлична сезона во дресот на Ливерпул со кој освои и Лига на шампиони и во 50 натпревари за овој тим постигна 26 голови.
Сепак, Мане призна дека би го менува трофејот од Лигата на шампионите со оној на Африканскиот куп на нации. Сенегал никогаш го нема освоено ова натпреварување, но капитенот на оваа репрезентација е одлучен тоа да го промени.
„На нас е да направиме нешто големо. Секако дека сме едни од фаворитите, не можете да се скритет од тоа. Но само размислувањето не е доволно да дојдете до крајот“.
„Победа со мојата земја која никогаш го нема освоено Афричкиот куп на нации, би била величествена“.
„Би го сменил трофејот од Лигата на шампионите за да го освојам Африканскиот куп на нации“, додаде Мане