Connect with us

Фудбал

Мане ги спакувал коферите, Баерн Минхен попуштил

Скај Спорт пренесува дека Баерн Минхен ја подобрил понудата за Мане и со тоа ги исполнил барањата поставени од Ливерпул.

Баварците за Сенегалецот ќе платат 50 милиони евра, договорот е веќе готов, па се очекува наскоро да се официјализираат преговорите

Договорот на Сенегалецот истекуваше на крајот на следната сезона, 50 милиони можеби за некого се премногу за 30-годишниот играч, но јасно е дека Мане има барем уште 3-4 врвни сезони во него.