Connect with us

Фудбал

Мане му удрил шлаканица како на мало дете, но Сане пред раководството застанал на негова страна, рекол доста е!

Садио Мане му удри шлаканица на Лерој Сане откако Манчестер Сити го победи Баерн (3:0), па не им требаше долго време на медиумите да дознаат за нов скандал во соблекувалната на клубот од Минхен.

Раководството на Баерн брзо го реши проблемот со тоа што реши по состанокот со играчите да го казни Мане со 500.000 евра и суспензија за натпреварот против Хофенхајм викендов, односно на крајот не го раскинаа договорот со него како што се шпекулираше во Баварија.

Единствената причина зошто ова прашање не беше отворено е токму Лирој Сане. Германецот на средбата побарал од Баерн да не „одат понатаму“ и дека е доволно Мане да биде казнет и суспендиран на еден натпревар, односно го спасил својот колега кој го удрил пред сите во соблекувалната.