Connect with us

Фудбал

Мане никогаш не доживеал пораз на „Енфилд“ од пристигнувањето во Ливерпул во 2016 година

Садио Мане за многумина е еден од најдобрите играчи на светот во моментов, бидејќи испорачува одлични игри во дресот на Ливерпул.

Мане има одиграно 28 натпревари во сите натпреварувања за Ливерпул оваа сезона, постигнувајќи 15 голови и додаде 11 асистенции. Сенегалецот е во форма, поради што е заслужено прогласен за најдобар играч во Африка.

Овој 27-годишен фудбалер на Ливерпул пристигна од Саутемптон за 41 милиони евра летото 2016 година и тоа беше одличен потег. Сепак, никој не можеше ниту да сонува какви статистики би имал Мане на „Енфилд“ во Премиер лигата.

Имено, од пристигнувањето во Ливерпул, Мане никогаш не бил поразен на „Енфилд“. Тој има одиграно 60 натпревари од летото 2016 година и забележа 51 победа и девет реми.

Кога Мане е во составот за домашниот натпревар на Ливерпул, тогаш навивачите не треба да се грижат дека нивниот тим ќе биде поразен.