Други спортови
Манекенката го покриваше своето тело додека поминуваше Хабиб, а потоа објасни зошто го сторила тоа
Хабиб Нурмагомедов синоќа го победи и Џастин Гаетже и реши да ја заврши кариерата.
Хабиб повторно го воодушеви целиот свет со својата доминација во УФЦ и сега има скор 29-0. Но, неодамнешната смрт на неговиот татко навистина го потресе и тој и вети на својата мајка дека ова ќе биде неговата последна борба во кариерата.
После натпреварот, тој рече дека ја завршува кариерата и ги фрли нараквиците на подот. Знаејќи каков карактер има, тешко е да се очекува дека Дагестанецот ќе се предомисли во иднина.
Какво влијание има Хабиб врз целиот свет најдобро покажа пред неколку години за време на еден од неговите натпревари. Тогаш Хабиб излегуваше во рингот и една од моделите која беше покрај октагонот бараше наметка за да го покрие нејзиното тело.
Руската манекенка Ана Галочкина зборуваше и објасни зошто го стори тоа кога Хабиб помина покрај неа.
“Го почитувам и ги почитувам неговите религиозни убедувања. Не сакав да се чувствува непријатно додека минуваше покрај мене”, рече Ана.
Russian ring model Anna
golochkina covered her body
in the presence of #KHABIBShe says- I respect him
and his religious beliefs
and i don't want him to feel
uncomfortable pic.twitter.com/lnNlSVtBGB— Alim (@Md___Alim) October 25, 2020