Фудбал
Манев се враќа во Вележ
Поранешниот вардаров првотимец Коста Манев ќе се врати во мостарски Вележ. Кам-бекот во Вележ за дефанзивецот е готова работа
Манев имаше понуда да остане во Мостар после завршувањето на едногодишниот договор, но тој не најде заеднички јазик со култниот босански клуб, па бараше летово нов ангажман и се најавуваше како можно засилување на грчки Аполон Смирнис, но и од тоа не излезе ништо, па во изминативе три месеци, практично воопшто не игра фудбал.
Преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и наскоро треба да следи официјализација на трансферот на македонскиот стопер.
Манев кој најголем дел од кариерата ја мина во Финска дојде во Вардар во летото 2018 година, а си замина една година потоа, откако црвено-црните веќе длабоко заглавија со финансиската криза.