Фудбал
Марадона погребан во кругот на семејството и најблиските пријатели
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Аргентинецот Диего Марадона погребан во кругот на семејството и најблиските пријатели на гробиштата Белависта во Буенос Аирес.
Иако од жителите на Буенос Аирес беше побарано да останат дома поради епидемиолошки мерки, илјадници автомобили и мотоцикли со аргентински знамиња се приклучија на погребната поворка од палатата Росада до гробиштата. Многумина допреа автомобил со ковчег додека стоеше на семафорите, а повеќето фрлаа цвеќиња, шалови, знамиња и дресови.
Ковчегот со телото на Марадона беше изложен во претседателската палата, пред кој беше создадена линија долга еден километар што се протегаше низ 20 градски блока. Поради инцидентите и тепачките мораше да интервенира и полицијата, додека околу 20 лица се собраа на последното збогување на гробиштата.
Марадона почина во средата поради белодробен едем, а во Аргентина беше прогласен тридневен жалост.