Connect with us

Фудбал

„Marca“: Барселона ја соопштува конечната одлука во 21 часот

Откако мина две и пол сезони на клупата на Барселона, Ернесто Валверде ќе биде отпуштен вечерва.

Челниците на Барселона ја донесоа одлуката по поразот од Атлетико во полуфиналето на Супер Купот на Шпанија кој се играше во Саудиска Арабија, а утринава беше објавено дека Валверде нема повеќе да биде тренер.

Пет месеци пред истекот на неговиот договор, Валверде ќе мора да го напушти клубот во кој некогаш играл, а засега Чави се споменува како негов наследник, иако списокот на кандидати за нов тренер на Барса се прошири неодамна.

Инаку, „Marca“ објави дека Барса ќе ја соопшти конечната одлука за разрешување на Валверде во 21 часот, но навивачите ќе треба да почека малку подолго за назначувањето на нов тренер.

Со Валверде на клупата, Барселона освои две титули во Ла Лига, Купот на кралот и Шпанскиот Супер куп.

Валверде претходно ги водеше Атлетик Билбао, Олимпијакос и Еспањол.