Connect with us

Други спортови

Мареј и Серена Вилијамс го потврдија учеството на АО

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го искористи заштитеното второ место на АТП ранкингот за да учествува на првиот грен слем турнир наредната година –  Австралија Опен. По операцијата на колкот, Мареј одигра само седум меча и 2018 ја заврши на 259 место на листата.

Трикратниот грен слем шампион нема одиграно ниту еден меч уште од поразот од Фернандо Вердаско во Кина во семптември. Заштитениот ранкинг му овозможува учество на девет турнири од моментот на враќање во јуни годинава. Тој има право на учество, но нема да има носителски статус на првиот од четирите најголеми турнири во 2019 година.

Најдобрата тенисерка на денешницата Серена Вилијамс  исто така се пријави на првиот за настап на  Австралија Опен.  Американката досега освоила седум титули во Мелбурн, а во јануари следната година ќе се обиде да го достигне рекордот на Маргарет Корт, која зад своето име има 24 титули на големите турнири.

Вилијамс (37) минатата година стигна до трофејот на АО, иако во тој момент беше бремена. Таа во финалето ја совлада својата постара сестра, Венус. Фановите последен пат ја гледаа првата тенисерка во светот на САД Опен, кога Наоми Осака ја изненади во големото финале.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com