Connect with us

Кошарка

Мареј: Требаше да водиме со 2-1 сега

Орландо, 23 септември 2020 (МИА) – Бекот на Денвер, Џамал Мареј продолжува да настапува на исклучително високо ниво во плејофот во НБА. 23-годишниот кошаркар постигна „дабл-дабл“ од 28 поени и 12 асистенции во победата на Нагетс над Лејкерс од 114:106 за да му помогне на неговиот тим да ја намали разликата на 1-2 во победи.
Мареј по мечот изјави дека неговиот тим заслужено ќе водеше во серијата доколку не го пропуштеше успехот на втората средба.

– Натпреварот бр.2 беше во наши раце, игравме добро во него, но едноставно претрпевме неколку падови што негативно влијаеја на нас. Да бидам искрен, во моментот требаше да водме со 2: 1. Но, не е важно, ние почнуваме да се подготвуваме за четвртиот натпревар, рече кошаркарот висок 193 сантиметри.

Како што е познато, Денвер беше на две секунди од победата во мечот бр.2, но кошот со сирената на Ентони Дејвис им овозможи на „езерџиите“ да поведат со 2-0 во победи. Како и да е, резултатот во моментов е 2-1 во корист на Лејкерс, а натпреварот бр.4 е во петок наутро во 03:00 часот наутро.