Connect with us

Други спортови

Мареј: Веројатно го прележав коронавирусот

Во интервју за „Си-Ен-Ен“, поранешниот рекет број еден во светот, Енди Мареј изјави дека веројатно го прележал корона вирусот.

Сепак тој не направил тест, откако се чувствувал подобро по околу една недела третман дома и  не може да тврди 100% дека го прележал овој вирус.

„Тестовите се наменети за луѓе во посложена состојба и за медицинскиот персонал. Се чувствував лошо 2-3 дена пред да се објави карантинот. Бев изолиран дома. Разговарав со луѓе кои ги имаа истите симптоми, но невозможно е да се утврди дали го носиш вирусот или не, вели Мареј“, кој е песимистички настроен во врска со скоро враќање на тенисот.

Уште повеќе, тој верува дека тенисот последен ќе го продолжи нормалниот ритам.