Connect with us

Други спортови

Марија Шарапова ја коментираше руската инвазија на Украина

За прв пат од почетокот на руската инвазија се огласи и руската тениска убавица Марија Шарапова.

Поранешната најдобра тенисерка на светот живее во САД и многумина ја критикуваа дека не ги осудува руските напади врз Украина.

Убавата Маша во најголем дел не се огласуваше, а сега на инстаграм остави порака со која јасно изрази жалење за сите случувања во изминатите неколку дена.

„Доаѓањето во Европа изгледа многу поинаку во овој момент. Со тешко срце и длабока надеж за мир и што е најважно за безбедноста на нашите деца“, напиша Шарапова, која ја заврши кариерата во 2020 година. Таа моментално е во Париз.

Таа е петкратна победничка на Грен слем турнирите, а се уште е најуспешната руска тенисерка.

Шарапова реши да се откаже од тенисот во 2020 година поради повеќе повреди, а претходно освои пет Грен слем титули. Првиот беше Вимблдон, кој го освои во 2004 година, на само 17 години, откако во финалето ја победи Серена Вилијамс.

Таа играла тенис од шестгодишна возраст, кога со татко и се преселила од Русија во САД. Нејзината мајка не можела да присуствува две години поради проблеми со визата. На таа возраст легендарната Мартина Навратилова видела потенцијал во неа и препорачала да тренира во САД.