Фудбал
Марио Манџукиќ заминува од Јувентус, но дали навистина во Кина!?
Италијанските медиуми пишуваат дека Марио Манџукиќ ќе го напушти клубот и додаваат дека тој ќе ги одигра уште неколкуте натпревари кои останаа до крајот на сезоната.
„Заминувањето на хрватскиот рапрезентативец на крајот на сезоната е речиси готово, без разлика на тоа што тој беше еден од клучните играчи“ јавува Раи Спорт.
Тоа не е се што дознаваме од Италија, имено на негова адреса пристигнаа високи понуди. Три кинески клубови му нудат по 20 милиони евра по сезона, но без разлика на високите суми, останува да видиме дали Манџукиќ ќе го прифати заминувањето во Кина, затоа што тоа значи и крај на сериозната фудбалска кариера.
Токму поради ова, а и фактот дека Манџукиќ се уште има што да покаже, и дека од него се очекува да биде во одлична форма на светското првенство во Русија, логични се и нагодувањата на англиските медиуми дека Манџукиќ својата кариера би можело да ја продолжи во Тотенхем.