Connect with us

Фудбал

Марка: Најлошиот Зидан досега, уништи сè со една катастрофална одлука

Во Мадрид, еден од главните виновници за поразот од Манчестер Сити (1:2) се гледа во тренерот на Реал, Зинедин Зидан. Новинарот Марсе Жесус Санчез напиша текст во кој го опишува натпреварот против Сити како најлошото направено откако Зидан го презеде кормилото.

„Зидан покажа магија и во овој термин. Тој направи одлични работи. Тој ја смири ситуацијата во клубот, го одведе тимот на првото место во Примера, покажа дека може да го победи најголемиот ривал во супер купот, им даде надеж на навивачите за европска титула. Сепак, има и одредени дамки по неговото име“, пишува Санчез.

Клучна причина за поразот против Сити е периодот по водечкиот гол на Реал.

„Зидан го жртвуваше искуството изоставувајќи го од првите 11 Тони Крос. Германскиот играч од средниот ред е еден од најдобрите играчи на Реал. Иско не е толку сигурен, Модриќ има години, Валверде е неискусен … Ситуацијата по 1-0 го бараше Крос на теренот. Зидан реши да не го внесе Кроос, туку Герет Бејл и надвор од игра да го извади Винисиус Јуниор, единствениот играч што правеше проблеми на гостите. Потоа следуваа луди осум минути што го чинеше многу Зидан. На Реал му недостасуваше цврстина во тие моменти, а овој потег на Зидан го доведе до еден од неговите најлоши настапи. Сега му треба чудо“.

Во Мадрид, многумина го сметаат Зидан за виновен поради елиминацијата од Купот на кралот од Реал Сосиедад.

„И тоа беше невнимателно. Тој направи седум промени во составот и избра одбрана што скоро никогаш не играше заедно. Недела следи Ел Класико, кој може да ја спаси или да ја уништи неговата сезона“.