Фудбал
Марка: Познато кога би требало да се игра финалето од Лигата на шампионите?
УЕФА одлучи да го одложи Европското првенство за следната година, а со тоа предност ќе добијат клупските натпреварувања.
Норвешката фудбалска федерација е прва која објави дека Европското првенство нема да се игра летово, и дека на видео-конференцијата на УЕФА постигнат е договор за играње на ЕП следната година.
Беше решено да се даде приоритет на клупските натпреварувања и да се стави крај на првенствата летово. Сепак, сите натпревари се прекинати на неодреден период и ќе продолжат доколку се стекнат условите.
Еминентната „Марка“ пишува дека сезоната треба да продолжи кон крајот на април, и дека УЕФА ќе направи календар на натпревари за ЛШ и Лига Европа.
Наводно, датумот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите треба да биде 27 јуни, бидејќи се планира да завршат сите клупски натпреварувања до крајот на шестиот месец од годинава. Но, се разбира, ова во голема мерка ќе зависи од развој на пандемија на коронавирусот.
? La finale de Ligue des Champions devrait être reportée au 27 juin prochain ! (@marca) pic.twitter.com/q0oarOjyIn
— BeFoot (@_BeFoot) March 17, 2020