Фудбал
Марка: Реал е среде распад
Манчестер Сити оствари голема победа во првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид (1:2).
Победата можеше да биде уште поубедлива доколку избраниците на Гвардиола беа прецизни од уште неколку ситуации, но и покрај ова, предноста што ја добија е голема и тие се фаворити да влезат во четвртфиналето пред да се одигра повратниот натпревар.
На тој начин Реал би можел да биде елиминиран од ЛШ втора година по ред во осмото финале. Тоа е доволно причина за алармот во Марка, списанието што безрезервно навива за Реал. Марка тврди дека Реал се соочува со распад.
„Со добра одбрана, Реал не беше поразен во октомври до февруари на 21 натпревар. Сепак, колапсот започна во текот на февруари, во најлошото време затоа што сега игра за трофеи. Катастрофата започна во Купот кога беше исфрлен од Реал Сосиедад (4:3). Од тогаш, Реал победи само на еден од последни пет натпревари. Реал сега мора да побрди на Ел Класико за викендот за да се врати на врвот на Ла Лига и да се обиде да го порзи Сити во повратниот натпревар. Во спротивно, следи истото сценарио како и минатата сезона“, пишува Марк.