Фудбал
Марка: Реал можеше да го донесе Икарди двапати, но Перез запре сè поради една работа
Во два наврати, во 2017 и 2018 година, Мауро Икарди сакаше да се пресели во Реал Мадрид, но „Кралскиот клуб“ одби таква опција, пренесува „Марка“.
Аргентинецот е член на Интер од 2013 година, но последните неколку години беа прилично турбулентни за него, поради што замина на позајмица во ПСЖ, каде покажува одлична игра.
Марка тврди дека сепак би можел да носи дрес на Реал Мадрид, бидејќи преговорите меѓу неговата сопруга Ванда Нара, која и неговиот агент, со клубот од Мадрид 2017 и 2018 година, беа при крај.
Сепак, во двата наврати, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го запре трансферот бидејќи беше загрижен за карактерот на Икарди.
Токму поради карактерот на Аргентинецот, Интер реши да го испрати на позајмица во ПСЖ оваа сезона, но тој одлично се вклопи и во овој тим.