Фудбал
„МАРКА“ тврди: Суарез нема да остане во Барселона поради Меси, веќе е договорен трансферот
Шпанска „Марка“ тврди дека, иако имаше информации дека по останувањето на Лионел Меси во Барселона, ќе остане и Луис Суарез, тоа нема да се случи. Меси останува уште една година, а Уругваецот заминува.
Наводно веќе го договорил трансферот во Јувентус, каде ќе потпише договор за две сезони, за што ќе заработи 10 милиони евра. Барселона ќе го пушти Уругавецот за минимално обештетување, кое ќе биде околу 2 милиони евра, бидејќи за слична сума Ракитиќ замина во Севиља.