Connect with us

Фудбал

„Марка“ удри по Јовиќ – Го чинеше Реал Мадрид 30 милиони евра по гол

По одличната сезона во Германија, во дресот на Ајнтрахт Франфурт Лука Јовиќ во новиот клуб никако да се снајде. Реал Мадрид за него издвои 60 милиони евра, но наместо засилување, се покажа како промашување.

Угледната „Марка“ го стави Јовиќ на насловната со жестока критика и уште еднаш потенцираше дека Реал погрешил.

Минатата сезона напаѓачот за Реал одиграл само 17 мечеви и постигнал два гола и една асистенција. Според сумата која е платен, значи еден гол на Јовиќ го чинеше Реал Мадрид 30 милиони евра. Се шпекулира дека сега Реал Мадрид сака да го продаде.