Connect with us

Други спортови

Маркез има пол-позиција за Гран при Австралија

Шпанскиот возач Марк Маркез минатиот викенд ја одбрани титулата првак на МотоГП, но со истиот темпо продолжи и овој викенд.

Утрово, квалификациите за Гран при Австралија се возеа во раните утрински часови, а Маркез повторно доминираше и стигна до пол-позиција. За Шпанецот, ова е пол-позиција оваа сезона, па дури 51. во кралската класа.

Според тоа, Маркез може да се изедначи со Валентино Роси кој има 55 пол-позиции во кралската класа.

Шпанецот стигна до првата позиција во квалификациите за време од 1:29.199, додека зад него беше сонародникот Маверик Вињалес, а третото место му припадна на Јохан Зарц.

Австралиската гран-при трка ќе се одржи утре во Мелбурн во 6 часот.