Connect with us

Фудбал

Маркизио го избра најдобриот од фамозната „BBC“ одбрана

Андреа Барзаљи, Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини се една од најдобрите дефанзивци  во Европа долги години.

Трите стопери прво ги водеше Антонио Конте, а потоа Масимилијан Алегри ја донесе својата одбрана скоро до совршенство, па Џанлуиџи Буфон беше прилично мирен меѓу стативите.

Со оглед дека сите тројца имаа различни карактеристики, тие се надополнија многу добро и имаат големи заслуги за враќањето на Јувентус прво на врвот на италијанскиот, а потоа и во европскиот фудбал.

Седум Скудета, заедно со тројца одлични дефанзивци, ги освои и Клаудио Маркизио. Поранешниот играч од средниот ред го смета Барзаљи за најдобар од фамозната „BBC“ одбрана.

„Ако треба да го изберам најдобриот, ќе речам дека е Барзаљи, бидејќи тој е најкомплетен дефанзивец од тројца“, рече Маркизио.

Гледјќи го вложеното и вратеното, трансферот на Барзаљи е едно од најдобрите во историјата затоа што за светскиот шампион со Италија беа исплатени само 500.000 евра.